Дејзи Ридли соопшти дека оваа година за последен пат ќе игра во „Војна на ѕвездите“.
„Мирно можам да потврдам дека нема да учествувам во следната трилогија. Режисерите веќе
објавија дека новите филмови ќе го раскажат следното поглавје од ѕвездената сага и едноставно
мојата хероина нема да биде во неа. Многу се забавував во последниве години и сум среќна што
учествував во универзумот на „Војна на ѕвездите“, прокоментира актерката.
Финалната појава на Ридли ќе биде во текот на зимата, кога деветтиот филм од серијалот –
„Подемот на Скајвокер“, излегува на големиот екран. Следната трилогија ќе се врти во 2022-та.
Актерката исто така, изјави дека нема намера повеќе да се враќа и во социјалните мрежи. Таа го
избриша својот профил во Инстаграм уште во 2016-та, откако беше нападната по нејзините
коментари во врска со насилството со оружје.
„Слободата на говорот е одлична, но луѓето мислат дека нивното мислење е позначајно отколку
што навистина е. Премногу внимание се посветува на негативните коментари онлајн. Јас
едноставно не сакаат да се оптоварувам со нив“, вели Дејзи.