ГОЛЕМОТО СРЦЕ ОД ВАРДАР: Денис им подаде рака на семејствата погодени од земјотресот во Хрватска

од Берта Китинска
232 прегледи

Меѓу првите од илјадниците пораки за охрабрување и понуди за помош и сместување на семејствата кои ги загубија своите домови во земјотресите во Бановина и Посавина, објавени на социјалните мрежи, е и на 30-годишниот Денис Јаија од Скопје.

Македонецот со големо срце, како што пишува Јутарњи лист, понудил сместување за осум лица за пет, шест, седум месеци во својата нова куќа. Тој напиша дека патните трошоци ќе ги плати сам.

Денис добил повеќе од 500 пораки, а на неговиот хуман гест реагирале повеќе од десет и пол илјади луѓе.

Се надевав дека меѓу тие што ми напишаа ќе се јави некој да побара сместување за себе или за некои од своите блиски, но тоа досега не се случи вели Денис. Тој е свесен дека Скопје е далеку од Петриња, Сисак и Глина, но кога слушна што се случило, не се двоумеше ниту за момент да понуди што може – топлината на домот и помошта. Мотивот не е само човештвото. Постои и лична приказна која емотивно го поврзува со Хрватска.

Татко ми имаше рак на белите дробови пред десет години. Тој во тоа време беше во Хрватска. Болеста, за жал, се прошири, имаше метастази кога беше откриена – вели Денис.

Тој требаше да биде опериран во Хрватска, но сакаше да се врати дома. Еден лекар, само знам дека е од Госпиќ, многу му помогна. Човечки и професионално. И кога се врати во Скопје и почна со хемотерапија, тој лекар, чие име, за жал, не го знам, остана во контакт со него. Зборуваа на телефон, тој дури и му испрати лекови, затоа што тато до крајот страдаше од неподнослива болка. Тогаш бевме во лоша финансиска состојба. Човекот кој не мораше да го стори тоа, даде се од себе за да ја намали болката.

Иако не го знае името на лекарот кој му помогнал на неговиот татко, тој чувствува огромна благодарност.

Честопати мислам на овој човек кој никогаш не сум го сретнал, кого го познавам само од приказните на татко ми. Оттогаш чувствувам посебна врска со Хрватите, вели скопјанецот Денис Јаија во интервјуто за Јутарњи лист.

Длабоко во себе, тој знае дека неговиот татко би го сторил истото. Кога ги виде првите снимки од Петриња на телевизија и, како што признава, плачеше, веднаш реши да понуди да биде домаќин на некој во неговата куќа. Поради добар доктор и затоа што, вели, среќата му се насмевнала малку, има своја работа, живее солидно и може да помогне.

Тој не очекуваше дека неговиот чин ќе предизвика толку многу позитивни реакции од целиот свет.

Слични содржини