Голман од Мадагаскар се приклучи на ѕвездената селекција на ПСЖ

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

18-годишниот голман Матија Рандријамами го потпиша својот прв професионален договор со Пари Сен Жермен. Договорот е до 30 јуни 2024 година, објави клубот.

Голманот е роден во париското предградие Кламарт и е во школата на ПСЖ од 2016 година, играјќи за младинските формации на Парижаните до 17 и 19 години. Има двојно државјанство – и француско и на Мадагаскар.

Минатата сезона, Рандријамами беше повикан неколку пати во групата на првиот тим како трет голман.

Слични содржини