Фудбалерите на Ливерпул остварија исклучително важна победа на гостувањето против Вест Бромвич Албион со 2:1, а херој на натпреварот беше бразилскиот голман Алисон Бекер.
Голманот на Ливерпул постигна гол во 95. минута за победа на „црвените“ и се надева дека ќе можат да ја завршат сезоната на местото што води во Лигата на шампионите.
Бекер постигна гол во петтата минута од продолжението, кога ја испрати топката во мрежата по еден корнер.
После мечот, емоциите го совладаа одличниот Бразилец.
„Сакав да бидам во шеснаесетникот за да им помогнам на моите соиграчи и да навлечам на себе барем еден дефанзивец. Сепак, никој не ме чуваше и се случи тоа што се случи. Навистина необјасниво, но мислам дека беше Господ тој ја стави рака на мојата глава. Се чувствувам благословено“, рече Алисон по мечот.
Alisson is the first goalkeeper to score for Liverpool in their 129-year history 📖
He's also the first goalkeeper to score a header in Premier League history 💥
(via @LFC)pic.twitter.com/WbxLdWxZAF
— ESPN FC (@ESPNFC) May 16, 2021
Голманот на „црвените“ оваа сезона минуваше низ исклучително тешки моменти. Тој го загуби својот татко во февруари и тоа значително влијаеше на неговата игра.
„Јас сум полн со емоции, после сè што се случи со моето семејство и мене. Фудбалот е мојот живот, откако знам за себе си играв со татко ми. Се надевам дека тој можеше да го види ова. Сигурен сум дека слави со Бог сега“, додаде емотивниот Бразилец.