Голманот на Милан суспендиран за еден натпревар

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Италијанската фудбалска федерација му изрече забрана на еден натпревар на голман на Милан, Мајк Мењан. Причина беа непочитуваните изјави на Французинот кон судијата Џанлука Манганело во тунелот што води кон соблекувалните по крајот на мечот со Лацио (1:2).

„Росонерите“ загубија од пенал длабоко во дополнителното време на мечот одигран на „Сан Сиро“. Покрај казната од еден натпревар, Мењан е парично глобен со 15.000 евра.

Милан ќе биде без својот стартен голман на гостувањето кај Лече овој викенд. На овој меч на Серхио Консеисао нема да му биде на располагање ниту Страхиња Павловиќ, кој доби црвен картон на натпреварот против римските „орли“.

Слични содржини