Португалскиот ветеран Маџер и во својата 38-ма година покажа дека е вистински фудбалски мајстор, па дури и на песок. На популарниот „фудбал на песок“ кој се игра на Европските игри во Баку го постигна најневеројатниот гол.
Капитенот на португалската репрезентација, во натпреварот против Швајцарија, од слободен ударец од голема далечина го постигна голот и при тоа ја крена публиката на нозе.