Легендарниот португалски напаѓач Нуно Гомеш го прокоментира вечерашниот дуел помеѓу Белгија и Португалија во осминафиналето на ЕУРО.
Посебен акцент Гомеш стави на одличниот белгиски напаѓач Ромелу Лукаку.
– Секоја приказна за Белгија е приказна за Лукаку. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Има експлозивна моќ и е многу силен физички. Тој е добар кога со грбот е свртен кон гол и треба да бидеме екстра внимателни со него, изјави Гомеш.
Лукаку, истакна Гомеш, не е единствениот играч што може да го загрози голот на Португалија.
– Тука е и Кевин де Бруин, тој е различен од другите, тој е супер талентиран и му додава неверојатни топки на Лукаку. Не смеам да го заборавам ниту Азар. Во исто време, Белгија е силен тим, но има и поединци кои можат да го решат натпреварот со еден потег, смета поранешниот напаѓач.