Гомеш пуштен од болница, на Сон поништен црвениот картон

од Aleksandar Petrovski
330 прегледи

Фудбалерот на Евертон Андре Гомеш пуштен е од болница по операцијата на глуждот, кој го скрши на мечот против Тотенхем во Премиер лигата.

„Операцијата мина екстремно добро и се очекува Гомеш потполно да се опорави“ се наведува во соопштението на Евертон.

Гомеш е повреден по стартот на играчот на Тотенхем, Хеунг Мин Сон, по кој налета на Серж Орие.

Фудбалскиот сојуз на Англија му го поништи црвениот картон на Сон по жалбата која ја упати Тотенхем.
Арбитарот Мартин Еткинсон прво на Сон му покажа жолт картон, пред да ја промени одлуката.

Слични содржини