Тренерот на РК Вардар по вечерашниот триумф на унгарски ПИК, го пофали својот тим за прикажаната игра и додаде дека ова е многу важна победа за европскиот шампион во обидот да се остане на првото место на табелата.
„Имавме тешка средба. Секогаш кога игравме против ПИК Сегед играме тежок дуел бидејќи противникот е одлично подготвен. Во првите 15 минути не бевме добри и ни беше потребно време за да влеземе во дуелот. Имавме предност од пет гола, но знаевме дека против ривал како ПИК Сегед тоа не е доволно бидејќи треба да се игра до крај. Игравме и под притисок бидејќи овој дуел многу ни решаваше во однос на првото место. Задоволен сум од моите момци и можам да им честитам за прикажаното. Оваа победа е многу важна за нас и можеме да бидеме задоволни бидејќи сме на врвот“, изјави тренерот на „црвено-црните“ на пресот по мечот.