Google ја сопира AdSense до крајот на 2019 година

од Vlatko K
111 прегледи

Google AdSense е најголемата рекламна платформа на Интернет и главен извор на приходи за
компанијата. Практично секој банер или маркетинг порака што ја гледате на Интернет е базирана
на AdSense. Корисниците можат да користат Android и iOS мобилни апликации кои се многу
корисни за следење на важни информации додека сте во движење. Наскоро, сепак, апликациите
нема да бидат достапни.


Во официјален блог пост, од Google известуваат дека ќе ги повлечат мобилните апликации на
AdSense од App Store и Google Play.

На овој начин, компанијата целосно ќе се фокусира на вебинтерфејсот на рекламната платформа, соопштува AndroidHeadlines. Се разбира, ова нема да се случи одеднаш, туку во неколку одделни фази, откако потрошувачите ќе имаат доволно време да сеподготват за одлуката на оваа компанија.

Google ќе престанат да ги ажурираат мобилните апликации со нови функции, кои ќе бидат достапни
за преземање до крајот на годината. Тука е време да се забележи дека ниту една софтверска
надградба за AdSense не е пуштена од почетокот на 2018 година.

Од компанијата ќе фокусираат сите свои ресурси и напори во подобрување на веб интерфејсот на AdSense, кој ќе биде уште
поинтуитивен и покорисен за корисниците.