Google ќе додаде анонимен режим во апликациите Maps и Search

од Vlatko K
126 прегледи

Google ќе додаде анонимен режим во апликациите Maps и Search. Таквата опција (Incognito Mode)
постоеше со години во прелистувачот на Chrome, но досега не беше достапна за корисниците на
мобилни уреди, кои се потпираат на поединечни апликации, а не на прелистувачот за пристап до
пребарувачот или мапите.


Активирањето на пребарувачот ќе биде исклучително лесно. Корисникот едноставно ќе мора да ја
допре својата фотографија на профилот во Search, а потоа ќе може да го активира анонимниот
режим.

Веројатно решението во Google Maps ќе биде слично.

Засега, сè уште е нејасно кога новиот додадток ќе биде достапен за сите корисници, но веројатно
нема да мораме долго да чекаме и тоа ќе се случи во следните неколку дена по ажурирањето на
двете апликации.

Таквата опција веќе постои во мобилната апликација на YouTube.