Google почна да испраќа покани за посебен настан во Њујорк на 9 октомври, што веројатно е поврзано со новите паметни телефони од серијата Pixel.

Во поканата нема навестувања, но со голема сигурност можеме да претпоставиме дека ќе бидат објавени новите хардверски производи на компанијата.
Во последниве недели, дознавме речиси сè за двата уреди и ги видовме нивните фотографии, па знаеме што да очекуваме.
Двата модели нудат променет дизајн, но Pixel 3 XL има дисплеј со необичен исечен дел, кој предизвикува контроверзни мислења.
На настанот можеби ќе видиме нови компјутери со Chrome OS, а освен тоа се зборува за часовници Pixel со Wear OS, но неодамна претставник на Google, изјави дека за оваа година не се планирани вакви производи.