Google ќе ги претстави смартфоните Pixel 3 и Pixel 3 XL на 4 октомври

од desk2
85 прегледи

Google напорно работат над третата генерација на паметни телефони со брендот Pixel, кои ќе ја задржат традицијата да се првите уреди со Android P. Компанијата обично ги користи првите денови на октомври, за да претстави нови модели од серијата и оваа година нема да биде исклучок од оваа стратегија. Во интернет истече информација, што открива и кој ќе биде точниот датум на која за прв пат ќе ги видиме смартфоните Google Pixel 3. Долгоочекуваната премиера ќе стане факт на 4 октомври.

Податоците се од сопственик на YouTube сметка со името Брендон Ли, кој открива нова реклама на Google во платформата Famebit. Соопштението е поставено со идејата да ги стимулира креаторите на содржини да бидат подготвени и да го пренесат соодветно настанот, на кој ќе го видиме Google Pixel 3, информира „SlashGear“. Датумот 4 октомври целосно се совпаѓа со стратегијата на компанијата во мобилната индустрија. Софтверските ажурирања кон платформата Android P ќе стартуваат неколку дена потоа.

Новата генерација на паметни телефони ќе има намалени дисплеи и помоќни процесори и сличен дизајн на неговите претходници. Google Pixel 3 најверојатно ќе ни понуди Qualcomm Snapdragon 845 процесори кои се дополнети со најмалку 6GB RAM меморија. Компанијата ќе продолжи да користи една главна камера, наместо две леќи на задната страна, која стана водечки тренд во индустријата. За време на настанот од 4-ти октомври, ќе видиме и нови производи, вклучувајќи го и првиот паметен часовник со Wear OS и брендот Pixel.