Google Pixel 3a ќе чини 450 евра и ќе има пурпурна верзија

од Vlatko K
95 прегледи

Во последниве месеци, интернет просторот беше буквално преплавен со информации за Lite
изданијата на Pixel 3 и Pixel 3 XL. Двата уреди треба да бидат официјално објавени од Google во
наредните недели.


Во САД тие, најверојатно, ќе бидат исклучиво достапни преку локалниот оператор „Веризон“.
Според последните информации на сајтот WinFuture, во Европа Pixel 3a ќе се нудат за 450 евра во
конфигурација со 4 GB RAM и 64 GB меморија за апликации.

Можно е на пазарот да се појават и верзии со други обеми меморија, но барем за сега нема
никаква потврда за таков чекор од страна на Google. Pixel 3a и 3a XL ќе се нудат во црно и бело, а
речиси сигурно ќе има и трета опција, која ќе биде пурпурна.

Според актуелните гласини, двата модела ќе понудат соодветно 5.6- и 6-инчни дисплеи, чипсет
Snapdragon 670 или 710, 12 MP главна камера и 8 МП сензор за селфи.