Google подготвува моќен 2-во-1 хибрид со име „Cheza“

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Google планира да пушти на пазарот 2-во-1 хибрид под управување на Chrome OS, кој ќе биде еден од најмоќните од типот на пазарот. Предвидената цена на уредот е 500 долари.

Според извори од компанијата, на кои се повикува XDA-Developers, развојот на хибридниот „Cheza“ е на финалната права. Моделот ќе работи со процесор Qualcomm Snapdragon 845, како и со графичкиот акцелератор Adreno 630.

Повеќе детали за 2-во-1 уредот не се познати во моментот, но е сигурно дека „Cheza“ ќе се потпира на оперативниот систем Chrome OS, со која работат и т.н. хромбуци.

Google ќе се натпреварува со новиот таблет iPad. Моделот ќе се нуди по специјални цени за ученици, студенти и професори – токму во секторот на образованието Chrome OS е најпопуларен.

Се очекува интернет компанијата да го претстави хибридниот „Cheza“ во октомври годинава, откако истовремено најави и два нови корпоративни смартфони – Pixel 3 и Pixel 3 XL.