Со емоционално видео објавено на YouTube, интернет гигантот, Google, кажува како им помага на
луѓето ширум светот да комуницираат дури и ако зборуваат на различни јазици.

Секој ден сервисот за превод на Google обработува повеќе од 100 милијарди зборови, според
статистичките податоци. Луѓето масовно ги користат своите паметни телефони за преведување
фрази од еден јазик на друг, а ова – како што е прикажано во видеото – ги прави среќни.
Видеото исто така ги покажува можностите на додадената реалност на личниот асистент на Google
која и овозможува на апликацијата на камерата да ги замени ознаките на етикети од еден јазик на
друг.
https://youtu.be/uXfJc8up6cM
Видеото завршува со статистиките на Google, што покажуваат дека од сите преведени фрази,
најпопуларни се „Како си“, „Благодарам“ и „Те сакам“.