Google работи на карактеристика наречена „Email As Attachment“

од Vladimir Zorba

Способноста за препраќање на дојдовни мејлови е многу корисна бидејќи ја елиминира потребата за копирање и „лешење“ текст на пораките. Ако го користите овој метод за да испратите многу мејлови, лесно можете да бидете збунети од нивната последователност. Google посвети посебно внимание на ова прашање и работи на интересна карактеристика наречена „Email As Attachment“. Како што сугерира името, оваа опција ви овозможува да препратите е-пошта во Gmail како атачмент.

Компанијата во официјална публикација на блогот „G Suites Updates“ потврди дека новата функција сега е достапна за некои корисници. Google се надева дека за неколку недели сите регистрирани сметки ќе можат да работат со „Email As Attachment“. Откако ќе го добиете ажурирањето, можете лесно да препратите мејл како атачмент. Целиот процес е максимално поедноставен и едноставно бара од вас да ја повлечете пораката што сакате да ја испратите во прозорецот за нова е-пошта.

Друга варијанта е да изберете пораки од вашето сандаче и кликнете со десното копче на опцијата Forward as Attachment, пренесе SlashGear. Закачените мејлови ќе бидат достапни како .emi датотеки. Google тврди дека не постои ограничување на пораките што ќе ги праќате на овој начин. Со кликнување на е-пошта со овој формат автоматски ќе се вчита пораката во нов прозорец. Новата функција ветува дека ќе заштедите драгоцено време во вашата секојдневна комуникација во Gmail.

Слични содржини