Ѓорчев: Не ги знам имињата на министрите

од Nikola Popovski
279 прегледи

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник, Владимир Ѓорчев смета дека треба да ги подобриме критериумите за избор на премиер и министри.

-Пола јавност не ги знае половина од министрите. Следам политика, гледам вести и не им ги знам имињата на министрите. Очи не сме им виделе. Изборот е правен во мали тесни кругови, вели Ѓорчев во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, изборот за праќање на Бесмира Ејупи како конзул во Њујорк е грешка.

-Не може да пратиме почетник во Њујорк, кој е седиште на светската дипломатија. Ваквото именување е навика кај нас, оценува Ѓорчев.

Слични содржини