333
„Има две причини зошто Бугарија така постапува кон нас. Првата е нивниот стереотип и статика во однос на поимот Македонија, а втората е нивната политичка криза“, вели поранешниот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев во емисијата „24 анализа“.
Според него, привремената влада во Бугарија и техничкиот премиер избран од претседателот Радев донеле тврда позиција.
„Тоа ќе продолжи и понатаму затоа што се очекува да се заострува реториката во контекст на изборниот период.
„Подобро е да има стабилна политичка влада, која ќе пристапи кон отворен дијалог за спорот. Сепак, ќе почекаме“ додаде Ѓорчев.