362
Членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник, Влатко Ѓорчев попладнево информира дека се повлекува од политиката и ќе работи во приватниот сектор.
-Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите, вели Ѓорчев во објавата на социјалните мрежи.
Според него, во Македонија секогаш има пофалби и критики.
-Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки. Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму, информира Ѓорчев.