Македонија го има достигнато највисокиот стандард во Европа во однос на почитување на малцинските права. Именувањето на бугарскиот клуб со името Ванчо Михајлов, кој практикувал терор, се поткопува и заедничката историја. За каква заедничка историја зборуваме? Ова е провокација од Бугарија. Бугарскиот клуб можеше да се нарекува Андреј Љапчев, еден Симеон Радев, личности кои не се спорни со својот демократски капацитет и да се покани и македонскиот државен врв. Тоа ќе беше мост на пријателство. Ова е злоупотреба на името на спорна личност. Тој беше осуден во царска Бугарија со повеќе пресуди, па мораше да избега, рече поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев за настаните кои викендов се случија во Битола.
Според него, не е можно некој наш висок државен претставник да отвори македонски клуб во Бугарија.
-Правото на собир од средината од 90-тите е дозволено во Мелник на чествување на Јане Сандански. Тој начин на чествување мислам дека досега немало проблем, но во делот на македонски културен клуб со провокативни имиња, не би го дозволиле, додаде Ѓорчев.