
СДСМ не може по ниту еден основ да им го одземе правото на преостанатите 45 пратеници во Собранието на Македонија да говорат по точката од дневен ред, само затоа што на СДС не им се допаѓаат нивните дискусии, порача денеска на партиска прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
Тој обвини дека СДСМ.сака да го прекрши Деловникот.
– Обидот на СДС кој го прекрши Деловникот на Собранието е со цел да се замолчи и да се прескокне дебатата за Тиранската Платформа. СДС сака по секоја цена да ги замолчи пратениците да не може да говорат за штетните последици од Тиранската Платформа која ја има прифатено и која има за цел темелно и долгорочно да ја редефинира државата. Затоа СДСМ спротивно на одредбите на Деловникот и спротивно на собранинската пракса сака да ја прекине дебатата и претресот кој што се одвива во моментот се одвива во Собранието на Република Македонија.Согласно член 80, став 2 на Деловникот јасно стои дека претресот трае додека не се исцрпи листата на пратеници кои се пријавиле за збор. И ова не може да биде прекршено под ниту едни услови ниту поради политичката желба на една партија, еден пратеник или една група – рече Ѓорчев.
Тој рече дека СДСМ нема основа да ги спречи останатите 45 пратеници да говорат.