Поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев ја поздравува предлог-резолуцијата што опозициската ВМРО-ДПМНЕ сака да ја покрене во Собранието.
-Основата е да се постави позицијата на Македонија. Резолуцијата од моето гледање потреба од транспарентности одговорност на секоја Влада вклучително и на актуелната во водењето на надворешната политика кон секој меѓународен субјект пред се кон македонските граѓани преставува обединување на сите политички чинители во земјата, изјави тој во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Тој додаде дека со оваа резолуција ќе биде зајакната нашата позиција во преговорите со Бугарија.
-Со палеотивни чекори и самостојно делување, на секоја Влада ѝ се случиле доста сериозни проблеми. Потребна е поддршката на опозицијата. Во моментов, само со ова може да се испрати порака дека во контекстот треба да ги смета нашите стандарди, но си имаме и своја патека на нашето општество, со почитување на тоа што е наше и македонско, рече Ѓорчев.