Горда мајка: Ана Николиќ ја запиша својата ќерка во градинка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
476 прегледи

Пејачката Ана Николиќ неодамна ја запиша својата ќерка Тара во градинката „Света Петка“ во Белград, со цел да поминува време со своите врсници.

Иако Николиќ моментално е без работа и постојано е дома и има помош од дадилка 24 часа на ден, сепак таа одлучи нејзината наследничка да го поминува времето со своите врсници.

„Пред неколку дена, Ана отиде во градинка и се распрашуваше за запишувањето и целата постапка. Секако, таа претходно разговараше со Тара и малку по малку ја прилагодуваше и ѝ објасни сè што е потребно во врска со тоа. Поради тоа, Тара едвај чекаше да оди и да проба нешто ново“, рече извор за „Нова.рс“.

Дури и Ана објави фотографија со својата ќерка на својот Инстаграм и се пофали со новините во нејзиното семејство.

„Тргнавме во градинка … Конечно“, напиша пејачката во описот на сликата.

Слични содржини