Горда на стриите и килограмите: Ешли откри колку се здебели откако забремени

од Elena Daskalova
410 прегледи

Најпопуларната плус-сајз манекенка Ешли Грејам во август ја потврди бременоста и оттогаш редовно ги документира промените што се случуваат на нејзиното тело.

„Се здебелив 22 килограми и воопшто не ми е гајле за тоа. Никогаш не сум се чувствувала подобро и благодарна сум што телото и мојот син ми дозволија да бидам подвижна и флексибилна како и досега“, напиша таа во објавата на Инстаграм.

Таа открива дека практикува вежбање, јога, акупунктура и лимфна масажа. Овој нејзин потег мотивираше и други мајки да ги споделат нивните искуства со бременоста во коментарите под објавата.

Слични содржини