Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска се породила во една од скопските болници. Таа на свет донела здраво машко дете кое ќе се вика Петар.

Тоа е првото дете во семејство на Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко.
Јанкулоска во поодмината бременост одеше редовно на судските рочишта, откако по лекарското вештачење и беше одбиено барањето за одложување на рочиштата заради ризична бременост.