Гордиот татко се пофали: Вака денес изгледаат децата на Енрике Иглесијас и Ана Курњикова

од Vladimir Zorba

Латино ѕвездата, шпанскиот пејач Енрике Иглесијас по долго време објави фотографија од трите деца кои ги има со поранешната тенисерка Ана Курњикова, по повод објавувањето на неговиот нов сингл, за кој, како што чувствуваме, ќе биде голем хит.

Латино пејачот Енрике Иглесијас сними дует со поранешната Јутјуберка, сега музичка ѕвезда, убавата Аргентинка Марија Бецера, кој за кратко време би можел да стане светски хит. Станува збор за песната ‘Asi Es La Vida’ (во превод ‘This is life’.) која има заразна мелодија која брзо и лесно влегува во уво.

А токму по повод објавувањето на новиот сингл, Енрике по долго време на својот Инстаграм профил ги објави своите деца кои ги имаше со поранешната руска тенисерка Ана Курњикова.

Во споменатото видео, близнаците Николас и Луси и најмладата Мери седат на пристаништето покрај морето, додека нивниот татко изведува танцови потези на новата песна.

И додека Николас и Мери имаат и елеци за спасување, русокосата Луси седи во долг бел фустан, а она што е многу видливо од далечина е нејзината неверојатна сличност со нејзината позната мајка Ана.

Иглесијас и Курњикова од самиот почеток го чуваат својот приватен живот од јавноста, криејќи апсолутно се што можат. Малку се знае за нивната врска, нема ни официјална потврда дека се венчале, а кога Ана била бремена се криело до самиот крај, додека не се породила.

Слични содржини