Гордон Ремзи и Усаин Болт станаа соиграчи

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Комбинацијата меѓу Гордон Ремзи и Усаин Болт може и да звучи доста чудно, но двајцата ќе ги здружат напорите и талентот во добротворниот натпревар Soccer Aid, организиран од Unicef.

На 10 јуни еден против друг ќе се соочат тимовите предводени од Роби Вилијамс и Усаин Болт. Во овој на Вилијамс првото „засилување“ беше атлетичарот Мо Фара, а во оној на Болт – Гордон Ремзи.

Арена на добротворниот натпревар ќе биде Театарот на соништата – „Олд Трафорд“, а бројот кој Усаин Болт ќе го носи, исто така, не е случаен. 9.58 – чуден број за фудбалски тим, но ова се секундите, за кои спринтерот од Јамајка истрча 100 метри во 2009 година и постави нов светски рекорд.

Слични содржини