Горештините продолжуваат, промена се очекува дури од петок

од Nikola Popovski
111 прегледи

Продолжуваат пеколните горештини во земјава. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 20 степени Целзиусови, а максималните ќе се искачат од 31 до 43 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 10.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Од работни обврски веќе се ослободени бремените жени и лица на возраст над 60 години. Исто така во истиот период, Владата одлучи работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Воедно, на владина седница се донесе одлука за детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Како што најавува УХМР, во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Промена на временската состојба се очекува од петок.

Слични содржини