Ѓорѓевски: Признавањето на МПЦ за канонска е важна пресвртница по која црквата се доближува до статусот на автокефалност

од Берта Китинска
380 прегледи

Признавањето на МПЦ за канонска од страна на Вселенската патријаршија е историски момент. Кога знаеме дека цели 55 години нашата МПЦ беше надвор од православното семејство, дека беше прогласена за расколничка, за шизматичка црква, дека нашите достоинственици не можеа да одржуваат служби со достоинственици од други цркви… тогаш се јасни димензиите на одлуката на Вселенската патријаршија да станеме канонска црква, вели во разговор за „Локално“,новинарот и верски аналитичар Бранко Ѓорѓевски.

Тој појаснува дека на сите наши духовници, на достоинственици на МПЦ и на сите искрени православни верници, тешко им паѓаше состојбата на раскол, состојбата во која не смееше да се држат служби аедно со други достоинственици, со браќа во Христа.

-Но, и на тоа ќе му доаѓа крајот. Ние тука сите ги знаевме вистинските, полиитчките, причини за оваа состојба на раскол и тоа не држеше да се истрае. Ова е важна пресвртница по која македонската црква се доближува и до статусот на автокефална црква, подвлекува тој.

Ѓорѓевски е на мислење дека во блиска иднина може да се очекува признавањето на автокефалност .

-Иако се уште не го знаеме ставот на СПЦ, иако ВП ја упати со МПЦ ги решава управните правшања, јас некако нема дилеми дека од СПЦ ние не можеме да добиеме автокефалност. Да имаше такви шанси и таква подготвеност овој црковен спор досега ќе беше решен. Но, не се реши најмногу поради категоричниот став на црковен Белград дека МПЦ – ОА може да добие само широка автономија. Тоа за нас е неприфатливо и не гледма дека нешто преку ноќ се сменило кај СПЦ како расположение и како став. Оттаму, мислам дека на преговорите со СПЦ брзо ќе се констатира непроменливата состојба по која на сцена повторно ќе траба да стапи ВП. А, таа тогаш ќе може да донесе одлука за нашиот статус, подвлекува Ѓорѓевски.

Аналитичарот посочува дека ВП добро знае дека нашите очекувања и барања се автокефален статус и изненадувачки би било да се донесе некаква одлука со која на нас би ни била понудена автономна положба под Вселенската патриајршија.

Ѓорѓевски појаснува дека автокефалноста прво ќе зависи од расположението кај СПЦ кое не е сменето, па од Вселенската патријаршија, чиј став може да се насети од целиот процес откако ги стави во процедура нашите барања за признавање на црковна самостојност.

-Како Црква, одамна сме ги исполниле сите они услови кои што се потребни за автокефална црква. Имаме бројно свештенство, верници, институции, се повеќе цркви и манастири. Ние сме жива црква која одамна ја заслужила својата автокефалност. Навситина, дали е во ред, а тоа е тема која треба да се отвори во Православието, да земји со милионски броеви на верници какви што се Украина, Македонија… да немаат право на самостојни цркви а меѓу 14 признаени автокефални цркви да имате такви со по 50-тина илјади православни верници… Тоа е посебно прашање кое е во заложништво на империјалните амбиции јурисдикции на одредени Православни цркви, pojasnuva toj.

Верскиот аналитичар се надевам дека делот од одлуката на ВП со кој не се предвидува употребата на зборот „Македонија“ и негови деривати не значи дека и во внатрешна употреба нема да има право на користење на придавката „македонска“.

– Нам ни се признава 1.100 годишниот континуитет на Охридската архиепископија, на сето она што таа му го донела на Православието, на оставштината на Свети Климент Охридски и на други кои биле дел од неа. Знаеме добро што таа значела за македонските простори. И затоа е предрагоцено што нашата црква е нејзина наследничка, Да бидеме достојни на тоа. Но, се надевам дека делот од одлуката на ВП со кој не се предвидува употребата на зборот „Македонија“ и негови деривати не значи дека и во внатрешна употреба нема да имаме право на користење на придавката „македонска“. И да они православни цркви коишто немаат проблем со таа придавка дека ќе можат да ни се обраќаат како на Макеоднска православна црква. Кога свеовремено МПЦ ја додаде одредбата Охридска архиепископија тоа беше со овој мотив – блокот на грчките цркви да го користи темринот Охридска архиепископија а другите цркви како ќе посакаат, смета Ѓорѓевски.

На парашњето дали Бугарската православна црква ќе се вмеша во ваквиот развој на настаните, со оглед дека Вселенската патријаршија не призна како Охридска Архиепископија, а токму таа сметаше дека она е наследничката, аналитичарот вели дека БПЦ ќе реагира и ќе биде незадоволни бидејќи се смета како наследник на Охридската архиепоскопија.

-Да, очекувани ќе бидат реакциите и отпорот кај БПЦ. Тие ќе реагираат, ќе бидат незадовилни оти тие се сметаат како Црква која, покрај Великотрновската е наследничка и на Охридската архиепоскопија. Оттаму, очекувам дека тие нема да бидат подготвени да ни се обраќаат како ОА и да сослужуваат со нас. Но, тоа е веќе нивен проблем. Ова е процес кој ќе трае и ние мора да одиме по него. Уште многу искушенија ќе ни следуваат, вели тој.

Б.М.

Слични содржини