„Се обидуваме да надминеме конфликтни ситуации во учебниците по историја. Доколку има конфликт за пример за Гоце Делчев или друг настан, тогаш ние се обидуваме со препораки до Владата, како да се надминат“, изјави во интервју за ТВ 24, претседателот на македонската страна од Мешовитата историска комисија, Драги Ѓоргиев.
Според неговите зборови, на бугарската страна ѝ сметало дека во македонските учебници се инсистира дека Бугарите се претседатени како татарско-монголски племиња, кои дошле овде во среден век.
„Ние тоа го прифативме како аргумент дека им е навредливо и дадовме препораки до владите дека во иднина треба потеклото на бугарската нација да биде според расположливи извори од тоа време. Бугарите ја сфаќаат заедничката историја на еден народ, почнувајќи од 10-тиот век, па се до 1944 година, поточно дека тоа само е историја на бугарскиот народ. За нас е секако неприфатливо. Прифатливо е дека станува збор за испреплетена или вкрстена историја, во која можат да се видат бугарските влијанија“, рече Ѓоргиев.