Ѓоргиев: Бугарскиот клуб е провокација со која се зголемува расколот меѓу Македонците и Бугарите

од Берта Китинска
262 прегледи

Се случи чин кој ги минира и сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија. Именувањето на бугарскиот културен клуб во Битола со името „Ванчо Михајлов“ не претставува ништо друго освен смислена провокација, која во исто време праќа и порака, смета Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

– Станува збор за историска личност која поради нејзините идеи за непостоење на македонската нација, кај Македонците има добиено крајно негативна содржина. И кога името на таква личност се наметнува како назив на културен клуб на територијата на македонската држава, а притоа таа личност нема никаква врска со културата, тогаш тоа може да се сфати единствено како арогантна провокација, па дури и како чин кој преминува на спротивната страна од т.н. пријателство, вели Ѓоргиев за Дојче веле.

Слични содржини