Невозможно е да се среќаваме еднаш месечно со бугарските членови на Мешовитата историска комисија. Ние остануваме на 5-6 средби годишно, информира денеска претседателот на македонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев во разговор за ТВ Сител.
Историчарот се надева дека се ова што се случува меѓу Македонија и Бугарија во последните две недели ќе ја дефокусира јавноста од работата на Историската комисија.
-Ќе се очекуваат резултати и од работните групи, а не само од историчарите. Политиката мора да направи атмосфера за работата на Комисијата, рече Ѓоргиев.
Тој посочува дека се во фаза на именување на нов член во Мешовитата историска комисија.
-Неколку колеги се во игра за избор. Министерот Османи нема да се меша во изборот. Ние лично го предложуваме до Владата, информира Ѓоргиев и додава дека на следната средба со нивните колеги останува да посветат повеќе внимание на учебниците, а чествувањата да останат на страна.
-Во тој правец беше разговорот со колегата Димитров, додаде Ѓоргиев.