Власта која не може да воспостави контрола и да ја гарантира безбедноста на граѓаните се обидува преку медиумски мрак да ги сокрие случаите од пошироката јавност, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Медиумите информираат дека пред недела дена во кафе бар во Драчево од страна на лице блиско до власта како последица на банална расправија се избодени со нож две лица. Дополнително информираат дека едното лице со тешки телесени повреди на дишните патишта се бори за живот. Оваа информација со јавноста е споделена по 5 дена од случајот и тоа не од извори од МВР, туку од информации преку социјалните мрежи, бидејќи и МВР и ЈО молчат.
Имено настанот кој се случил на 7 октомври, во билтен на МВР е објавен на 10 октомври. Цели 3 дена подоцна.
Нападнатите кои се здобиле со тешки телесни повреди по настанот се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.
Едно од лицата кое што се борело за живот и има тешки телесни повреди, кои се животно загрозувачки. МВР под контрола на Спасовски реагирала цели 3 дена по случајот, при што до ЈО поднело кривична пријава за насилство, а не за обид за убиство“, раскажа
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Смета дека министерот за внатрешни Оливер Спасовски мора да одговори кој и зошто го криел настанот цели три дена, кое е лицето напаѓач и дали неговата блискост со СДСМ е причината за односот на полицијата кон овој случај?