Ѓорѓиевски преку општина Кисела Вода ја финансира Митовска и порталот „Инфомакс“, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски склучил авторски договор со Наталија Митовска од порталот Инфомакс – медиум кој е во јавноста е посочуван како близок до ВМРО-ДПМНЕ, објавија денес од СДСМ.

На овој начин, според владејачката партија, „ВМРО-ДПМНЕ ја плаќа својата пропаганда и ширењето лажни вести во интернет просторот“.

Митовска има договор на 24 илјади денари месечно со Општина Кисела Вода, како и анекс на тој договор со кој се ангажира за наводно изготвување Извештај со елаборирање за спроведување програма на месна самоуправа.

Митовска не е единствената со која Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски склучиле договори. Во најголемата економска и енергетска криза, според партијата на власт, градоначалникот Ѓорѓиевски „наместо да работи за граѓаните трошу буџетски пари за полнење на џебовите на негови роднини и пријатели“.

Славче Трпевски, кој е партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Катастар добил договор на 40 илјади денари, а и братучедката на градоначалникот, Сара Ѓорѓиевска заработува по 30 илјади денари од општината за „прием на пошта“. Според нејзиниот договор таа е задолежна за прием на странки, телефонски разговори и прием на пошта.

Договори има и за Кирил Митревски, кој е близок пријател на Ѓорѓиевски и кој заработува по 50 илјади денари, но и други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и др. склучиле вакви договори со Општина Кисела Вода.

Слични содржини