Гори хемиска фабрика во Италија, на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од домовите

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Во хемиската компанија „Кеми“ во Новара на северот на Италија денеска избувна пожар, а градоначалникот ги предупреди граѓаните да не отвораат прозорци и да не ги напуштаат куќите доколку тоа е апсолутно неопходно.

Фабриката која се занимава со преработка на хемиски растворувачи се наоѓа во индустриската зона Сан Пјетро Моцецо, а голем црн облак се движи во правец на Ломбардија, пренесува „Анса“.

Според очевидци, се слушнале и експлозии, а целата индустриска зона била евакуирана.

Засега нема информации дали има загинати или повредени лица.

Слични содржини