136
Во хемиската компанија „Кеми“ во Новара на северот на Италија денеска избувна пожар, а градоначалникот ги предупреди граѓаните да не отвораат прозорци и да не ги напуштаат куќите доколку тоа е апсолутно неопходно.
Фабриката која се занимава со преработка на хемиски растворувачи се наоѓа во индустриската зона Сан Пјетро Моцецо, а голем црн облак се движи во правец на Ломбардија, пренесува „Анса“.
Според очевидци, се слушнале и експлозии, а целата индустриска зона била евакуирана.
Засега нема информации дали има загинати или повредени лица.