ГОРИ ХОТЕЛ: Голем пожар во Мадрид (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Денеска избувнал пожар во хотел во Мадрид, но никој не бил повреден, пренесува шпански „Ел Паис“, повикувајќи се на извори од полицијата.

Пожарот ја зафати надворешната фасада на хотелот „Нов Мадрид“, особено на повисоките катови. Пожарникарите евакуирале околу 200 лица од хотелот.

Во моментов не е позната причината за пожарот, но тој е ставен под контрола. Некои делови од фасадата се одделиле од зградата и паднале на улица.

Петнаесет пожарникари биле ангажирани на самото место.

Слични содржини