Гори Милано со „Јутро је“: Нада Топчагиќ го изненади Златан на неговиот 40-ти роденден (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
618 прегледи

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ синоќа го славеше 40-тиот роденден во Милано, а гостинка му беше пејачката Нада Топчагиќ.

Имено, Златан не знаеше дека таа ќе биде таму, па тоа дојде како посебно изненадување за него.

Нада дошла на прославата во друштво на сопругот Златко Ѓорѓевиќ и пријателите.

– На роденден на мојот драг Златан Ибрахимовиќ. Гори Милан со „Јутро је“. Благодарам Златан, благодарам Милано, благодарам свету! Ве сака и ве љуби Надица ! Повеќе информации наскоро – напишала Нада со сликаа со Златан и нејзиниот сопруг.

Сепак, изненадувањата не завршија тука, бидејќи Нада се сликала и со францускиот репрезентативец кој настапува за „Манчестер Јунајтед“, Пол Погба.

Слични содржини