Пожар изби на еден од последните катови на зградата на Трамп во Њујорк, јавија американските медиуми.

На местото на пожарот се пожарникари, а една екипа излезе и на покривот на зградата.
Според њујоршките пожарнирари се работи за помал пожар, кој се верува дека го предизвикал дефект на инсталацијата, а според првите информации нема повредени.
Седиштето на империјата на претседателот на САД, Доналд Трамп е облакодер од 58 ката во срцето на Менхетен и во него се наоѓаат неколку членови од неговото семејство.
Првата дама Меланија и синот Барон првите месеци по неговата инаугурација живееја таму, пред да се преселат во Белата куќа.
Освен луксузни станбени единици, ресторани и продавници во зградата на трамп има и седишта на многу компании, а кампањата за претседател Трамп ја водеше токму од таму.
Во зградата има и цели катови кои припаѓаат на ѕвезди како Брус Вилис, бизнисмени како Хуан Бекмен Видал, но и саудискиот принц Мутаиб бин Абдулазис Ал Сауд.
Trump tower on fire! pic.twitter.com/lUnpkc219J
— Susan D. Ball (@SusanSball4) January 8, 2018
https://twitter.com/NycBmd/status/950345205458272256