Англиската музичка формација “Горилаз” соопшти дека организира свој еднодневен летен фестивал. Тој ќе го носи името на вториот албум Demon Dayz ( “демонските денови”) и ќе се одржи на 10 јуни оваа година.
На настанот анимираната група ќе биде и хедлајнер што ќе биде прва кореографска манифестација за нив од пред 7 години.
Основачите на бандата Дејмон Олбарн и Џејми Хјулит најавија дека на фестивалот ќе има три одделни сцени, а билетот од 60 фунти ќе нуди пристап и до забавен парк “Дримланд Маргејт”, кој се наоѓа во близина.
Допрва треба да бидат објавени останатите изведувачи кои ќе се приклучат на иновативното дуо. Подоцна оваа година се очекува “Горилаз” да го пуштат и петтиот високо очекуван студиски албум, чиј наслов се уште е непознат. Веќе во интернет просторот може да се открие и првиот сингл од него – Hallelujah Money.