Горилаз пуштаат нов албум

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Виртуелниот рок бенд Gorillaz најави дека подготвува нов албум. Бандата која е посебен проект на фронтмен на Blur Дејмон Алберт, го објавува денес и вториот дел од својот новиот проект, кој успешно комбинира рок, хип-хоп и реге.

Албумот “Humanz” на бандата, која се состои од измислени нацртани членови, ќе се појави на 28 април. Тој е и првиот од 2011 година.

Групата соопшти дека во петокот ќе одржи шоу во Лондон, а билети ќе има само за фановите кои си го порачале однапред албумот или направиле донација на Белите шлемови – невладина организација која работи во Сирија.

Во “Humanz” гостин-изведувач ќе има во речиси секоја песна, а меѓу нив се хип-хоп пионерите од De La Soul и соул дивата Мејвис Стејплс. Песната “Saturnz Barz” е вториот сингл од албумот. Во пресрет на американските избори групата ја објави “Hallelujah Money”, која упатува остра критика кон тогаш кандидат-претседателот Доналд Трамп.

Видеото кон новото парче може да се гледа на YouTube во 3D покажувајќи цртан филм со ликовите на бандата.