Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука со која врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35 % во однос на Одлуката од 15.3.2021 година.
-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се
намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2021.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 ден/кг и сега ќе изнесува 35,393 ден/кг.
Од 23.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 56,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 45,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,393 (денари/килограм)