Гориво за атомските електрани „Made in Germany”

од Vladimir Zorba
180 прегледи

 

Дојче Веле – Берлин

По Фукушима, Германија одлучи и пред рокот да ја запре работата на германските атомски електрани. Но, тоа не се однесува и на германскиот производител на горива за атомските електрани…

Иако во Германија договорот за прекин на работата на атомските електрани е готова работа, во Линген во Долна Саксонија не размислуваат за прекин на производство на горивни елементи за атомски електрани, но не за тие во Германија, туку за во странство.

Материјалите кои се користат за производство на горивни елементи, т.н. „стапови” за атомските електрани со водено ладење се ноќен кошмар за борците за заштита на природата: тоа е збогатен ураниум, додуша во форма на оксид, а во таа технологија во горивните елементи може да се додаде и одредена количина на плутониев оксид. Но, уште поголем проблем за нив е во кои атомски електрани одат тие „стапови”, меѓу другите во белгиските нуклеарни електрани „Тиханге“ и „Доел 3“.

Првата веќе неборено пати доаѓаше во германските медиуми, поради проблемите, експлозиите, но „само” на трафостаниците на електраната, а и поради пукнатината која е на темелот на реакторот.

Во многу подобра состојба не е ниту „Доел 3’“ чија изградба почна уште во 1969 година. Проблемот е што и едната и другата лежат во непосредна близина на Ахен: евентуална хаварија во тие белгиски електрани би предизвикала несогледливи штети и во самата Германија и секако во блиската Холандија.

Како едноставно да ја забранат работата на една компанија?

И Холандија веќе ја предупреди владата на Белгија дека не сака таква опасност на сопствениот праг и побара нивно затворање. Уште погласни се барањата и од Германија, дури и од моменталната германска министерка за животна средина Барбара Хендрикс.

Но, Валтер Шумахер од „Акционото здружение против атомската енергија” од Ахен е многу разочаран од германската министерка. Тој вели дека таа два пати лани дошла во Ахен и ветувала дека „со сите сили ќе се заложи за затворање на тие белгиски атомски електрани“.

– Но, потоа се утврди дека една германска фирма произведува горивни елементи за тие стари реактори и госпоѓа Хендрикс тоа го одобрува. Тоа кај нас се сфаќа како свесна измама, вели активистот.

И да не се работи за измама, германската министерка вистина дури оваа недела пред Бундестагот мораше да признае дека нејзиното министерство „темелно го истражило” овој случај, но дека „нема правни основи” да се затвори тој германски погон. Имено, фирмата во Линген е само огранок на францускиот енергетски концерн „Арева“, а Французите воопшто не размислуваат за затворање на атомските електрани.

Не е спорно дека од Линген во овие белгиски електрани само лани отишле 50 транспорти со горивни елементи, но додека компанијата во Германија се придржува на сите важечки закони за заштита на околината, нема законски основи за нејзино затворање. Министерката вети дека „ќе провери под кои правни околности” сепак би било можно затворање, но тоа може да потрае.

Да се забрани бидејќи тоа е опасност за Германија

За Анџелика Клаусен од организацијата „Меѓународни лекари за спречување на атомска војна” (ИППНВ) дури и тие аргументи на министерката не се прифатливи.

– Германската Влада не смее и натаму да се крие зад неодржливи прави толкувања кои немаат врска со стварноста, соопшти организацијата.

ИППНВ изработи стручна студија чиј заклучок е дека „германската Влада ја смета за проблематична состојбата на реакторот во Белгија, таа може а и не мора да ја забрана испораката на горивните елементи од оваа германска фирма.

– Основата на оваа забрана е загрозувањето на безбедноста на Сојузна Република Германија, со оглед дека евентуална катастрофа во тие белгиски реактори сигурно би зафатил регион и на оваа земја, се оценува во студијата.

Тоа толкување го прифати и партијата на Зелените во Бундестагот па така и експертката за атомска енергија на таа партија Силвија Котинг-Ухл ја напаѓа министерката.

– Аргументацијата на Владата е се повеќе противречна. Крајно време е за промена на политиката, изјави Котинг-Ухл.

Бидејќи, ако Владата бара од соседната земја да ја запре работата на реакторите, не може да ја помага нивната работа со испорака на горива, додава Котинг-Ухл. И партијата Левица во Бундестагот не го прифаќа образложението на министерката за околина Хендрикс.

Во расправата во Парламентот се огласи и претставничката на баварските спцојал-христијани (ЦСУ) Ања Вајсгербер, која и партијата на Зелените и Левицата ги обвинува дека ја користат оваа прилика да ја водат предизборната кампања. Бидејќи на 14 јули се изборите во најбројната германска покраина која граничи со Белгија, Северна Порајнија Вестфалија.

И според последните истражувања партијата на Зелените би можела да доживее сериозен бродолом. Затоа и со тие белгиски реактори и германското гориво се обидува да собере гласачи, тврди Вајсгербер.