Госиманиду: Во грчкиот Парламент Договорот од Преспа ќе помине од прв пат

од desk4
96 прегледи

Која е вистинската причина за оставката на Коѕијас? Ќе се одрази ли тоа на спроведувањето на Договорот од Преспа? Ќе обезбеди ли премиерот Ципрас мнозинство во парламентот за усвојување на Договорот? На овие и на други прашања дел од Отворено Студио 1 во разговор со домаќинот Борјан Јовановски одгвори даде Дора

Госиманиду, поранешна амбасадорка на Република Грција во Република Македонија.

 

Г-ѓа Дора Госиманиду, можете ли да ни објасните која е вистинската причина за оставката на министерот за надворешни Коѕијас и како ќе се одрази на спроведувањето на договорот од Преспа?

Мислам дека никој не го загрози Договорот од Преспа за време на владината средба, затоа што дури и претставниците на ПАМЕ или на Каменос сметаат дека двајца министри и еден заменик министер од МНР рекле дека ќе гласаат „за“ Договорот од Преспа. Затоа сметам дека по одобрувањето кај вас, по промената на вашиот Устав, кога ќе дојде пред грчкиот Парламент, ќе помине од првпат.

Мислите дека г. Ципрас лесно ќе обезбеди мнозинство за усвојување на Договорот?

Сметам дека имаме мнозинство, најмалку 151, а да не зборуваме за повеќе, затоа што во Потами на Ставрос Теодоракис има неколкумина независни пратеници и новоназначениот заменик-министер за заштита на Парламентот Папакоста, кој е од Нова Демократија, а ќе гласа „за“.

Значи ќе се приклучат и луѓе од Нова демократија?

Има такви гласини, ќе видиме. Зависи од тоа дали Мицотакис ќе ја повлече неговата пратеничка група за време на гласањето или ќе останат. Во таков случај, може да се случи „пребегување“.

Г-ѓо Дора, кои се гласините зад информацијата дека Г. Коѕијас злоупотребувал дел од тајните фондови на МНР? Која е приказната?

За тие работи не се зборува јавно затоа што ја инкриминираат државата. Колку што знам, Каменос го обвини за злоупотреба на тајниот буџет на Министерството за надворешни за да го покрие неговото сопствено политичко движење Прато или не знам што, не бев присутна. Затоа Ципрас постапи на тој начин, обидувајќи се да ја одржи рамнотежата меѓу двајцата. Можете ли да си замислите дека двајца министри се обвинуваа меѓусебно за корупција за време на владината средба, за работи што не може да бидат докажани.

Интересно е затоа што тоа го слушнавме од грчките медиуми, дека станува збор за тајните фондови на МНР, кои биле употребени за финансирање на некои медиуми овде во Македонија.

Прочитав во печатот дека за време на брифингот на генералниот секретар пред надлежната собраниска комисија за трошењето на овој таен буџет, тој дал три жиро сметки, а еден од нив бил поврзан со финансирање на медиуми во Македонија. Не знам, затоа што Владата го негира ова. Вели дека такво нешто не се случило. Ви кажувам што објавија во печатот.

Очекувате ли дека оваа информација ќе биде потврдена?

Не верувам. Целиот случај ќе биде затворен.

И последно прашање, како се одразија развојот на ситуацијата во Македонија и неодамнешните настани врз политичката смена во Грција? Кои се коментарите? Кој е вашиот коментар, како поранешен амбасадор?

За тоа што се случи во Парламентот кај вас? Зависи од тоа на која политичка партија и припаѓате. Се разбира, имаме десничарски весници како Филелефтерос, чијшто уредник е пријател со Антонио Милошоски. Замислете си што му раскажувал Антонио Милошоски за случувањата во Парламентот. Имаме наши поддржувачи на „ВМРО“, симпатизери на стагнацијата на целото прашање. Но тоа не е важно бидејќи никој не ги сфаќа сериозно затоа што немаат докази. Секој може да каже добро, либерализација или валкани пари. Не знам. Мислам дека помина, како што велиме во Грција, секое чудо за три дена. Веќе помина една недела.

Благодарам Дора.

Нема за што, се најдобро.

 

Либертас