„Господ ме чува“: Свештеникот Царкњас откри како бил нападнат во Грција (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
285 прегледи

Архимандритот и македонски свештеник Никодим Царкњас кој неодамна беше нападнат од млади Грци, се огласи на социјалните мрежи. Тој опиша како дошло до немилиот настан.

-Ми ја нападнаа колата и ми ги скршија стаклата, со намера и мене да ме нападнат. Сепак ме чува Господ и денеска сум здрав и жив. Ја заклучив колата и тоа ме спаси. Со силата на Господ и вашата сила ќе продолжиме и веруваме дека ќе успееме. Ние сме тука, рече Царкњас во споделеното видео снимено во црквата Св. Злата Мегленска во Грција.

Тој додаде дека го пријавил случајот во полиција.

Меѓународната организација Обединета македонска дијаспора (ОМД) вчера побара од грчката влада, странските делегации во Грција, Хелсиншкиот комитет во Грција и Европскиот суд за човекови права, да стават крај на овие неоправдани напади врз малцинските групи во Грција. Исто така ОМД ги повика надлежните институции во Македонија да го осудат ваквиот инцидент.

Слични содржини