Видеото од венчавката од Љубушки во БиХ го обиколи регионот поради гостин на свадбата кој ја фрли тортата на младенците на подот.
Видеото објавено од група од Мостар покажува како гостин фрла свадбена торта на подот, која младенците сè уште не успеале да ја исечат.
Во моментот кога келнерот ја донел количката со тортата пред младенците, еден од гостите на свадбата се приближил и со сите сили го превртел послужавникот, а тортата потоа летала на другиот крај од ходникот.
Невестата замрзна за момент, но не реагираше бурно, а додека гостите продолжија да се радуваат и да пеат заедно со младоженецот, се верува дека ова е „трик“, и дека гостинот фрлил лажна торта и дека вистинската пристигнала наскоро.
Mladenci ostali bez torte #Ljubuški 😂 pic.twitter.com/kjCZdzxQbJ
— Jabuka.tv (@jabukatv) September 7, 2020