Гостинот на УМС порачува да се градат мостови со Русија

од Aleksandar Todeski
487 прегледи

Гостин кој се залага за сојуз и со држави кои не се членки на Европската Унија и кој пред Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ испрати порака до владјачката партија, но и до албанските партии дека вистинската демократија е во ВМРО-ДПМНЕ беше говорник пред насобраните на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние сме горди на нашите членки, а вие сте една од посилните членки. Еден ден, ќе бидете дел од Европското семејство. Ни требаат конзервативците од Македонија во Брисел и Стразбур. Има многу интернационални напади, но јас сум патриот. Разликата меѓу социјалистите и конзервативците е дека ние, конзервативците си го сакаме народот. Важно е да се има добра алијанса со САД, Британија, Полска, но и среќни сме да градиме мостови со Русија, Ирак, Сирија“, рече Хавиер Хуртадо Мира, претседателот на демократската младинска заедница во Европа.

Наместо да зборува за практиките кои ги имаат во сличните унии во конзервативните партии, тој испрати порака до премиерот Зоран Заев дека играта е завршена и рече дека треба христијанските вредности треба да се вратат во државата.

„Му носам порака на Заев и албанската заедница во Македонија, вистинските демократи се во центар-десната фамилија во Европа. Имаме минато во кое сме се бореле со комунизмот, затоа ВМРО-ДПМНЕ ни е партнер во борбата во Македонија. Знаеме што се случува во Брисел и Стразбур, нема да дозволиме ова да се случува во Македонија, која треба да биде владеена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан, рече Хавиер Хуртадо Мира.

Испрати и порака до Албанците, дека ако сакаат вредности, не треба да гласаат за етнички албанец, туку за Христијан Мицкоски. На членовите на УМС пак, им порача дека се вистинско демохристијанско семејство.

Слични содржини