107
Со 22 гласа „за“ од вкупно 31 советник на Советот на општина Гостивар, Валбон Лимани е избран за вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар.
Лимани доаѓа на местото на Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН, кој стана министер за здравство и поднесе оставка од функцијата градоначалник.
Во меѓувреме, со 21 глас „за“, за претседател на Советот на општината е избран Намик Дурмиши, наместо Валбон Лимани кој до денеска ја извршуваше оваа функција.
Лимани важи за близок соработник на претходниот градоначалник Таравари, кој претходно во изјава посочи дека е можно решение и тој да ја преземе раководната функција. По професија е ендокринолог.