195
Во неделата вечерта околу 19.30 часот во Гостивар, полициски службеници го уапсиле триесет и девегодишниот В.Л. од Гостивар.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, В.Л. во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31 – годишна сопруга, по што со метален предмет ја оштетил покуќнината.
В.Л. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.